Доделени 15 грантови на граѓански организации за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија

Date November 5, 2019 - November 5, 2019

Featured Image

Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија избра 15 проекти на граѓански организации за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Грантовите се во вкупен износ од 103.669$.

Оваа грантова шема е во рамки на концептот Учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ, кој е дизајниран со генерална цел да ги поддржи реформските процеси во областите борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација, како приоритети во процесот на пристапување во ЕУ.

Со цел зголемување на протокот на информациите и подобрување на разбирањето на граѓаните на реформските процеси во текот на пристапувањето во ЕУ, проектните активности  ќе бидат насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за важноста за забрзување на процесот на пристапување како и подобрени капацитети за разбирање на реформските процеси за европеизирање на општеството.

Избраните грантисти ќе земат учество во заедничка кампања, која ќе ја изработи ФООМ, за зголемување на протокот на информации поврзани со пристапувањето во ЕУ.

ОрганизацијаИме на проектотОдобрен буџет
Здружение за едукација на земјоделците ЗЕЛЕНА БЕРЗА БитолаОд рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација7.000 $
FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики, СкопјеРодова еднаквост на работното место: Мониторинг на локално ниво6.915 $
Здружение на граѓани КОНТРАПУНКТ СкопјеЕУ РЕКА6.970 $
Хелсиншки комитет за човекови права Влијанието на Поглавјето 23 врз процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија6.948 $
Здружение на граѓани на текстилните кожарските и чевларските работници Гласен Текстилец од Штип Пристапот до правда во Источниот регион6.803 $
Рурална Коалиција – КумановоФундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини7.000 $
Здружение за локална демократија Центар на заедницата на општина Струга- СтругаАнализа на јавната перцепција за процесот на пристапување во ЕУ- со фокус на Поглавје 236.969 $
Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМПочитување на правата на затворениците од етничките заедници низ призмата на ромската заедница6.994 $
Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ СкопјеМерката притвор помеѓу домашната и европската пракса7.000 $
Здружение на граѓани Медиа Плус – ШтипИ локалната информираност е тест за ЕУ6.920 $
Здружение за истражување, анализи и развој Зелена Лупа – СкопјеРесоцијализација и реинтеграција во општеството преку пробацијата6.690 $
Здружение за еднакви права и можности ЖЕНИТЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА -ШтипБиди храбра, проговори гласно!6.811 $
Здружение за рурален развој Локална Акциона група Агро Лидер – КривогаштаниЕУ Скептицизам наспроти ЕУ Оптимизам во руралните средини6.840 $
Здружение МУЛТИКУЛТУРА – ТетовоМладите се промената за пристапување во Европската Унија6.819 $
Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) – СкопјеАдминистративна правда по европски стандарди6.990 $