Центарот на заедницата на Општина Струга спроведе истражување на јавносто мислење за процесот на пристапување во ЕУ со фокус на Поглавје 23 во општините Струга, Охрид, Кичево и Дебар. Генералниот заклучок е дека не се доволно информирани или имаат само основни информации за процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Дел од резултатите од истражувањето погледнете тука, а целосната анализа можете да ја најдете на следниот линк: https://bit.ly/2PNxm5r




***
„Анализа на јавната перцепција за процесот на пристапување во ЕУ со фокус на Поглавје 23“ е еден од 15-те проекти на граѓански организации целосно поддржани од ФООМ за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.