Како влијаеше КОВИД-19 врз текстилните работници/чки

Date November 17, 2021 - November 17, 2021

Текстилната индустрија беше една од најпогодените индустрии со пандемијата. Голем број од текстилните конфекции беа принудени да затворат или значајно да го намалат интензитетот на работа. Со оглед на фактот дека 5% од работоспособното население во Северна Македонија се текстилни работници, ефектите од пандемијата за текстилните работници и целокупно текстилната индустријата беа и се значителни. Со пандемијата, како што и бевме сведоци, се доведоа во ризик не само работните места, туку и здравјето и животите на текстилните работнички и работници.

За тоа како влијаеше КОВИД-19 врз текстилните работници/чки погледнете на кратко подолу, а а целосната анализа изработена од Здружение за истражување и анализи ЗМАИ, Скопје, од каде и се извлечени податоците, можете да ја прочитате на следниот ЛИНК.