Одржани обуки за наставници коишто реализираат настава на босански јазик

Date November 6, 2021 - November 20, 2021

Featured Image

Во рамки на проектот „Образование за помалку бројните етнички заедници“ во периодот од 06 до 20 ноември 2021 г. се реализираше обука за наставници коишто реализираат настава на босански јазик од 2 проектни училишта: ООУ Дитуриа Сарај и ООУ Рајко Жинзифов, Оризаре, Велес како и на неколку наставници  коишто го предаваат изборниот предмет Јазик и култура на Бошњаците.

Целта на обуката беше зајакнување на компетенциите на наставниците за развивање на вештините на учениците за пишување, читање, слушање и зборување на босанскиот јазик. Обуката се реализираше онлајн во три сесии (денови) од четири часа преку комбинација на предавања и практична работа.

Фокусот на предавањето беше да се дадат одговори на теоретски прашања поврзани со правописот, граматиката, стилската норма на босанскиот јазик, како и да се истакне важноста од развивање култура на изразување кај децата. Со вежбите практично се работеше на обработка и адаптирање за настава на текстови од босанската наставна програма, но и од популарната култура. Сите учесници добија комплет материјали кои беа користени за време на обуката.

Предавачи на обуката беа проф. Берниса Пуриш, вонредна професорка на отсекот за босански јазик и култура при Филозофскиот факултет во Сараево, и Сандра Злотрг, директорка на Здружението за јазик и култура Лингвисти од Босна и Херцеговина.