Платформа за структурен дијалог – основни информации и придобивки за граѓаните и граѓанското општество

Date July 27, 2020 - July 27, 2020

Featured Image

Структурниот дијалог ја претставува заедничката комуникација и соработка помеѓу институциите, граѓанското општество и граѓаните. Целта на структурниот дијалог е граѓанското општество и граѓаните да учествуваат во создавање на политики кои се значајни за нивниот живот.

Структурниот дијалог нуди многубројни придобивките за граѓаните и граѓанското општество:

  • достапни и значајни информации за граѓаните;
  • градење на практика за аргументирана дискусија и заеднички решенија помеѓу институциите, граѓаните и граѓанското општество
  • зголемено влијание од граѓаните и граѓанското општество врз националните и локалните политики.

Сите овие придобивки ќе бидат овозможени преку проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ чија цел е да овозможи суштинско и структурно учество на граѓанското општество кое ги одразува ставовите на граѓаните за клучните секторски реформи во процесот на ЕУ.

Доколку сакате да се информирате за тоа како да ја регистрирате вашата организација на Платформата на структурниот дијалог на ЕУ и како да учествувате во креирање на политики во процесот на пристапување кон ЕУ, следете ја веб страницата на проектот – www.dijaogkoneu.mk како и на фејсбук страната Дијалог кон ЕУ.