Skopje Office
Фондацијата Отворено општество – Македонија започна со работа во 1992 година како странско претставништво – дел од глобалната мрежа на Фондациите Отворено општество, основани од американскиот инвеститор и филантроп Џорџ Сорос.
Контекстот во кој функционираше – новоформирана независна држава, земја која се соочува со регионални конфликти, економски блокади и внатрешни етнички тензии – дефинираше голем дел од работата на фондацијата. Во време на длабока финансиска криза, Фондацијата пружи итна поддршка преку медицинска и хуманитарна помош, обезбеди заеми за купување нафта за греење, како и коридор што овозможи македонските земјоделски производи да стигнат на пазарите во Словенија и Хрватска.
Како независна организација, Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ) беше регистрирана во 1999 година. Од своето основање до 2022 година, фондацијата инвестираше повеќе од 130 милиони американски долари за демократизација на македонското општество и подобрување на животот на граѓаните.
ФООМ работеше посветено на креирање динамично и инклузивно општество во кое граѓаните се свесни и активни, а властите отчетни, општество во кое сите ќе имаат еднакви можности да ги искористат своите потенцијали, да бидат вклучени во донесувањето одлуки, да иницираат промени, општество во кое се почитува различното мислење и се негува и развива критичката мисла. Преку финансиска и програмска поддршка на граѓански организации, неформални групи и индивидуалци, ФООМ активно придонесуваше кон промовирање на вредностите на отвореното општество. Во фокусот на работата беше поддршка на решенија кои ќе овозможат развој на граѓанското општество, унапредување на здравството и образованието, зајакнување на владеењето на правото, почитување и заштита на човековите права, слобода на говорот, младинската ангажираност, интеграцијата на Ромите и на другите маргинализирани заедници, борба против корупцијата, но и пристап до правда за сите граѓани подеднакво.
Од јануари 2023 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија е дел од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, кои ги вклучуваат и фондациите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.
Подолу се достапни релевантните документи согласно законската регулатива во Република Северна Македонија.
Годишен извештај Фондација отворено општество – Македонија
1992-1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004(part1, part2), 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2015
Наративни извештаи Фондацијата Отворено општество – Македонија
2011, 2012, 2013, 2014, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022, 2023, 2024, 2025
Финансиски извештаи Фондацијата Отворено општество – Македонија
2011, 2012, 2013, 2014, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022, 2023, 2024, 2025